Обид за двојно убиство во Скопје - снаа ги бутнала свекорот и свекрвата од тераса

 

Две постари лица со тешки телесни повреди завршиле во Ургентниот центар во Скопје откако вчера околу 19 часот нивната снаа се обидела да ги убие во нивниот дом во скопско Раштак. Како што информира полицијата 56 годишната снаа Бисерка М.В. од тераса ги бутнала својот 82 годишен свекор Ѓорги В. и неговата 83 годишна жена Пауна. За среќа старците го преживеале падот. Со возило на Брза помош веданш биле пренесени во Ургентниот центар. 
Нервозната снаа веднаш биле приведена од полицијата во Полициската станица во Кисела Вода. Полициските службеници извршиле увид и најавуваат кривична пријава за снаата.

најчитано сега