Три годишно дете се бори за живот - битолчанка го прегазила со автомобил
Три годишно дете се бори за живот откако вчера околу 17:30 часот било прегазено од автомобил. Несреќата се случила на улицата Игнат Атанасовски во Битола кога Весна Н. управувајќи Сеат Ибица го прегазила пешакот, 3 годишниот А.Т. Детето со тешки телесни повреди е прегфрлено во битолската болница. Според последните информации, детето се уште е во животна опасност.