„Пасатот“ удрил право во „БМВ“-то и експлодирале - еве што ја предизвикало страотната несреќа во кумановско

 

Несреќата во која загина четиричлено семејство од Скопје и двајца кумановчани, се случила попладнево во 16:45 часот, кога кај местото Смилчинци, „Пасатот", движејќи се кон Куманово, директно удрил во резервоарот на „БМВ"-то, а од силниот удар автомобилите се запалиле и експлодирале.

Според досегашната истрага, семејството веднаш загинало, а двајцата кумановчани успеале да излезат од запалениот автомобил, но, не успеале да се изборат со повредите и изгорениците.

Во сообраќајката настрадале 4 годишниот Ј.Л. и 6 годишниот П.Л, како и нивниот татко, 39 годишниот Љупчо Л и неговата сопруга, сите од Скопје. Во несреќата починал и полицаецот Л.Ј (50) и нерговиот сопатник, 58 годишниот В.Б. Скопското семејство било пронајдено пеплосано во нивниот автомобил БМВ додека аполицаецот и неговиот сопатник управувале Воклсваген Пасат.

 

најчитано сега