Ненадејно почина Роберто Беличанец
Вечерва починал 41 годишниот Роберто Беличанец, кој беше познат аналитичар на медиумите, објавува Плусинфо.
Според информациите на порталот, Беличанец починал ненадејно од срцев удар. Тој беше оженет и беше татко на три деца.
Беличанец беше извршен директор на Македонскиот центар за медиуми и член на групацијата Граѓани за европска Македонија.
Роберто Беличанец беше роден на 1. фефруари 1972 година во градот Прилеп.
ФОТО: Курир