Зачестени кражби на сообраќајни знаци во Штип

 

Во штипското централното градско подрачје забележана е позачестена кражба на сообраќајни знаци.

Директорот на ЈП „Стипион 2011“, Тони Јовев вели дека веќе 10 дена континуирано се крадат сообраќајни знаци на четири улици, а нивната вредност е 20.000 денари. Тој забележува дека кражбата на сообраќајните знаци низ Штип оди на штета на буџетот на општината, а годишно штетата изнесува околу.10 000 евра.

- Мислам дека ова веќе треба да престане, бидејќи ваквите кражби нас не чини да реконструираме една улица помалку во текот на годината, вели Јовев.

Тој рече дека со кражбата на сообраќајните знаци се загрозува и безбедноста на учесниците во сообраќајот. Наредната недела раководството на ЈП „Стипион 2011“ ќе има средба со претставниците од Полициска станица-Штип со цел да се надминат зачестените кражби на сообраќајни знаци.

најчитано сега