Кире Лазаров задоволен од жрепката за Лигата на шампионите

 

Македонскиот ракометен шампион Вардар доби тешка група во Лигата на шампионите на извлекувањето во Виена. Во група со „црвено-црните“ се екипите на ПСЖ, Тун, две екипи квалификанти, како и Барселона за која настапува Кирил Лазаров.
 
Веднаш по жрепката синоќа Лазаров го изрази своето задоволство од противниците во првата фаза.
 
- Искрено посакував да паднеме во иста група со ПСЖ. Тие се нова, многу квалитетна екипа и можеби подобро е да се сретнеме веднаш. Така ќе имаме јасна слика со кого се натпреваруваме. Многу се радувам на мечевите со Вардар. Долго време посакував да играм против македонска екипа и еве сега два пати ќе ги одмерам силите со Вардар. Тоа е одлично за македонскиот ракомет, а уште подобро би било ако и Металург влезе во оваа група низ квалификациите. Така групата би привлекла голем интерес во Македонија, истакнува македонскиот капитен.
 
Состав на групите за новата сезона во ЛШ:
 
А група: Веспрем, Кроација Осигурање, Ст.Петерсбург, Рајн-Ловен Некер, квалификант група 3.
 
Б група: Кил, Киелце, Атлетико Мадрид, Колдинг, Данкерк, Цеље Пивоварна Лашко, квалификант група 4.
 
Ц група: Барселона, ПСЖ, Вардар, Вакер Тун, квалификант група 2, победник на турнирот со Вајлд карта.
 
Д група: Алборг, Горење Велење, Флензбург,Натурхаус Ла Роха, квалификант група 1, победникот од квалификациониот меч Фуксе Берлин – Хамбург.
 
Во квалификациската група со Вајлд карта ќе игра и Металург и доколку го освои првото место, Македонија за првпат ќе има два претставника во елитното натпреварување.
 
Најдобрите четири екипи од секоја група ќе продолжат до осминафиналето.

ФОТО: Скопјеинфо

најчитано сега