Канческа-Милевска ќе ја додели наградата национален уметник за 2013
Денеска министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ќе го соопшти носителот на титулата национален уметник за оваа година, а се работи за највисоко признание од областа на културата кое е предвидено со Законот за национален уметник.
Виртуозот на пијано, Симон Трпчески, еден од нашите најпознати светски уметници e првиот уметник што ја понесе оваа значајна национална титула. Реномираниот македонски филмски режисер Милчо Манчевски ја доби титулата национален уметник за 2012 година.
ФОТО: Нетпресс