„Елефтеротипија“: Името на Македонија пречка за интеграцијата - ЕУ бара од Скопје да ја реши „неизвесноста“
Под наслов „Името на Македонија пречка за интеграцијата“, грчкиот весник „Елефтеротипија“ пишува дека ЕУ бара од Скопје да ја реши „неизвесноста“.
- Европската унија признава дека одговорноста за опструкциите за време на билатералните консулатции со Атина е кај Владата на Македонија поради усвојување на националистички пораки, пишува весникот осврнувајќи се на последниот состанок на Советот за општи работи на ЕУ.
Според „Елефтеротипија“, еврокомесарот за проширување Штефан Филе „кој изгледа дека лично се вложува за постигнување решение за прашањето за името на Македонија, ја истакна важноста за одржување на добри односи со Грција, и нагласи дека ’неизвесноста’ за името не може во иднина да дејствува како ’мина’, која може да експлодира во текот на преговорите и да го поништи процесот за интеграција на земјата во ЕУ“.