Бран нови вработувања ќе ги освежи Јавните научни установи

 

Во Јавните научни установи ќе бидат вработени дваесет научни работници и девет административци. За оваа намена се обезбедени 13 милиони денари.

-Овие вработувања се обезбедуваат со цел зајакнување на човечките капацитети во Јавните научни установи, кои подолг временски период се соочуваат со проблем на одлевање на кадарот по разни основи како пензионирање или преминување во други институции, информира министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Ристовски истакна дека Министерството за финансии одобрило нов кадар да добијат седум научни установи:

- Институтот за фолклор, „Марко Цепенков“ – Скопје, ќе добие 6 извршители на работни места: научен соработник, асистент истражувач, двајца помлади асистенти – истражувачи, библиотекар и секретар правник.

- Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, се вработуваат 2 извршители на работното место Помлад асистент – истражувач и 1 извршител на работното место секретар правник.

- Во Институтот за старословенска култура – Прилеп, се вработени 2 лица на работното место библиотекар и програмер оператор, а во тек е и постапката за вработување на 5 извршители на работното место помлад асистент.

- Во Институтот за македонска литература – Скопје, во тек е постапката за вработување на 1 библиотекар, додека за 2 асистенти тече рокот за приговори.

Предвидено е да се објави конкурс за нови вработувања и во Хидробиолошки завод - Охрид.  Според најавите, ќе бидат вработени 5 лица на работните места: 3 помлади асистенти – истражувачи и 2 оперативно теренски работници.
Вработувањето на 2 лица за работните места асистент истражувач и сметководител на Институтот на национална историја – Скопје, е во тек.

Институтот за културно духовно наследство на Албанците исто така треба да се обнови со нов кадар. Ристовски најави дека наскоро се очекува да биде објавен конкурс за вработување на 3 лица на работните места помлад асистент – истражувач и научен соработник – истражувач.

ФОТО: Канал 5

најчитано сега