Василка и нејзиниот 4 годишен син загинаа вчера пред Велес

Триесетичетиригодишната скопјанка Василка С. и нејзиниот четиригодишен син загинаа вчеравечер во сообраќајка на автопатот Велес-Неготино. Во несреќата полесно е повреден нејзиниот сопруг, кој го возел автомобилот со кој патувало целото семејство.

Несреќата се случи вечерва околу 19 часот во непосредна близина на наплатната рампа кај Градско.

Семејството патувало со автомобил „матиз“ и најверојатно налетале на еден од двата камиони кои претходно на патот се судриле, и автомобилот по ударот излетал од патот.

По наредба на јавен обвинител телата на загинатите им се дадени на семејството.

 

 

Оцени ја веста

27.05.2015 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега