Крвава драма во Струмица: Си го прободел братот со нож во главата

Семејна драма со крвав крај се одвивала синоќа триесетина минути пред полноќ во струмичкото село Градашорци. Имено, во куќата на 50-годишниот З.Д. откако настанала расправија помеѓу неговите синови, 23-годишниот Б.Д. и 21-годишниот Т.Д. во еден момент помалиот брат со нож му нанел убодна рана на својот постар брат во пределот на десната страна од главата.

Според податоците од полицијата, 23-годишното момче од екипа на Итна медицинска помош е пренесено во Медицинскиот центар-Струмица од каде по укажаната лекарска помош е пуштено на домашно лекување.

Т.Д. е приведен, а се работи за лице со психичко растројство, кое се лекувало во Психијатриска болница Скопје.

 

 

Оцени ја веста

25.05.2015 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега