Филмска бркотница и пукање на патот Гевгелија-Скопје

 

На патниот правец Гевгелија-Скопје, кај местото викано „Чешмата“, во текот на вчерашниот ден околу 15 часот и 45 минути, полициски службеници биле нападнати при обид да сопрат и контролираат автомобил марка „ауди“и „БМВ со скопски регистерски ознаки. Возачот на патничкиот автомобил „ауди“ се обидел да ги прегази, по што со голема брзина се упатил кон Велес. Еден од полициските службеници, избегнувајќи го ударот, додека паѓал испукал еден куршум од автоматско оружје. По еден час „аудито“ е пронајдено на автопатот Гевгелија- Скопје, кај клучка кај село Караслари. Во возилото пронајдени се траги од крв и дополнително ќе биде  вештачено.

На местото на настанот биле присутни и инспектори од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди кои се вклучени во расветлување на случајот.

 

 

Оцени ја веста

22.05.2015 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега