Проверете колку пари вреди вашиот Фејсбук профил?
Фејсбук заработува околу 1.2 милиони долари дневно, благодарение на „бесплатната работна рака“ на своите корисници.
Фејсбук не компанија што продава некој одреден производ, ниту пак има премногу реклами. Па, како заработува толку многу? Одговорот е: информација. Она што Фејсбук го продава се информациите кои ние, корисцниците, бесплатно му ги даваме.
Во светот на друштвените мрежи, корисниците се златна кокошка дури и кога не купуваат ништо. Причината е што самите друштвени мрежи се важен и опсежен алат за маркетинг истражување. Секогаш кога ќе кликнете „like“ или „share“, се придружувате на фан-страна или додавате нов пријател, вие генерирате нов пакет статистика за која корпорациите радо би платиле значајна сума.
Па, колку всушност вреди вашата активност на Фејсбук? Врз основа на информациите со кои располагаше јавноста пред акциите на Фејсбук да станат јавни, Wall Street Journal се обиде да ја пресмета конкретната вредност на профилот на поединецот.
Вашето присуство на Фејсбук вреди околу 81 долар, секое ваше пријателство на мрежата вреди околу 0.62 долари, секој ваш „лајк“ вреди околу 0.03 долари. Во просек, еден активен профил вреди околу 1.800 долари, а сериозна бизнис или фан група вреди околу 3.1 милиони долари
Фејсбук има речиси милијарда корисници, кои активно трошат вкупно 9.7 милиони минути дневно, а со тоа и додаваат бесплатни информации во статистичките пакети. Корисниците стискаат „лајк“ или оставаат коментар околу 2.7 милијарди пати дневно. Според експоненцијалниот раст на Фејсбук во последните три години, се проценува дека компанијата има присобрано 2.11 трилиони информации, кои се разбира, ќе може да ги продаде.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа