Им побарал возачка - крвнички го претепале

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.П.(24) И.П.(22) и И.С.(22) сите С.Велмеј-охридско поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ и „напад на службено лице при вршење работи од безбедноста“.

На 19.05.2015 година во 04:10 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, при сообраќајна контрола тројцата пријавени извршиле физички напад врз полициски службеник.

 Имено при контрола на превозно моторно средство „Опел вектра“ со охридски регистарски ознаки, пријавениот С.П. одбил да ги покаже возачките документи по што истиот заедно со другите двајца пријавени физички го нападнале полицискиот службеник.

 

 

Оцени ја веста

20.05.2015 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега