Малолетници ограбувале цркви и манастири

СВР Струмица поднесе кривична против двајца малолетници од Лубница, општина Конче, поради постоење основи на сомнение дека сториле седум кривични дела и тоа шест кривични дела „тешка кражба“ од цркви и манастири на подрачјето Радовиш и едно кривично дело „одземање на моторно возило“.

Имено пријавените кражбите ги вршеле ноќта помеѓу 12-ти и 13-ти април 2015 година, со употреба на погоден предмет-хебла насилно ги отварале влезните врати од црквите и манастирите на подрачјето на с.Дедино, с.Горно Ињево и с.Ракитец при што одземале пари и други предмети. По извршувањето на кривичните дела искористувајќи згодна прилика одзеле патничко моторно возило „Шкода Фелиција“ ставајќи го во погон, кое подоцна откако заглавило го оставиле, а патот до с.Лубница го продолжиле пеш.

Од извршените кривични дела пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 209.450 денари.

 

 

Оцени ја веста

20.05.2015 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега