Душебаев уште две години во Вардар

Четвртфиналистот од Лигата на шампионите и освојувач на македонскиот ракометен Куп екипата на Вардар го продолжи договорот со десниот бек и шпански репрезентативец Алекс Душебаев. Тој и во следните две сезони ќе го носи „црвено-црниот“ дрес.
-  Вардар го задржува костурот на тимот и за следните сезони, а Алекс е дел од идните планови на клубот. Неговата младост, квалитет и прикажани игри беа причина да му понудиме нов договор, што на наше задоволство го прифати, изјави за клупскиот сајт Давор Стојаноски, директорот на Вардар.
 
Душебаев беше еден од носителите на играта на Вардар во Лигата на шампионите, каде постигна 73 голови и ги одигра сите натпревари. Оваа сезона се најде и во „ол стар“ тимот на СЕХА лигата, а во неколку наврати беше избран и во „тимот на колото“ во Лигата на шампионите.
 

 

Оцени ја веста

19.05.2015 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега