Влегол преку незаклучена врата и ја нападнал - ограбена старица од Битола
21-годишниот В.С. од Прилеп си заработи кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“.
Тој на улицата „Јадранска“ во Битола преку отворена влезна врата влегол во станот на 76-годишната И.Н. и со закана со нож извршил разбојништво над истата.
Прилепчанецо од жената успеал да одземе два златни прстени и синџирче со приврзоци, како и паричник со документи.