Пејачката Гоца Тржан демантира: Не сум бремена!
Поп пејачката Гоца Тржан неколку дена откако медиумите излегоа со вест дека очекува дете со својот 14 години помлад дечко Радован Рашо Новаковиќ, ја демантираше ваквата информација. Во интервју Тржан изјавила дека некое време живее со дечкото, како и дека сакала наскоро да имаат и дете, а не како што било наведено во насловите дека очекува. Еден од нејзините пријатели дури на Твитер јавно ја праша дали навистина е трудна на што пејачката одговорила: Nisaaam! Jaooo!"