Македонските ракометари ќе останат без фалангата на ЕП - Данците го окупираа Хернинг
Градот Хернинг каде што ќе се играат натпреварите од Групата А на ЕП во ракомет на кое ќе настапи и македонската репрезентација, е целосно окупиран од Данците, и речиси да нема слободни места во хотелите за македонските навивачи. Данска која што е домаќин на ЕП натпреварите од првата фаза ќе ги игра во Хернинг. Во истиот град ќе се играат и мечевите од втората фаза и дуелите за медали. Данска има намера да оди докрај, а на старот пречка покрај нас ќе им бидат и селекциите на Чешка и Австрија.
Цените на сместувањето, она што е останато, се движат околу 80 до 100 евра по соба (за 2 лица).
Најевтиниот авионски билет (Скопје - Kопенхаген) е околу 400 долари, билет за воз од Kопенхаген до Хернинг е околу 50 евра (во еден правец), а изнајмување на рентакар-возило (ниска класа со три врати) чини околу 400 долари за седум дена, без трошоците за гориво и патарините.
Билетите можат да се набават преку официјалната интернет страница на првенството www.ehf-euro.com а исите ќе бидат пуштени во продажба од 1 јули. Најниската цена на билетите за стоење ќе биде 30 евра, а оние за седење по 44 евра.