Кумановчанец заврши на Ургентен - го удрила струја додека работел

 

Вчера се случила несреќа во Кумановов во која кумановчанец се здобил со повреди од струен удар.

Како што информираат од МВР, се работи за 61-годишниот М.С. од Куманово кој вчера наутро додека работел градежни работи во куќа, со метална шипка допрел жица од далновод која била под напон при што се здобил со повреди.

Кумановчанецот веднаш бил пренесен во  Ургентниот центар во Скопје.

најчитано сега