Драма во Скопје: Го нападнале додека излегувал од возилото

Вистинска драма се одвивала синоќа во Скопје. Околу 02 часот по полноќ 30-годишниот С.Б. од Скопје пријавил во полиција дека претходната вечер во 23 часот и 50 минути на улицата Дане Крапчев при излегување од возило бил физички нападнат од две непознати маскирани лица, при што истите го  удриле со тврд предмет и со тупаници по што го напуштиле местото.

Според податоците од полицијата, веднаш по настанот едно од осомничените лица е пронајдено и приведено, а се работи за 28-годишниот скопјанец М.Д. Од извршениот разговор со истиот причина за физичкиот напад биле претходна расправија околу навивачки групи.

Се преземаат мерки за пронаоѓање и на второто лице како и целосно расчистување на настанот по што ќе следи соодветен поднесок.

 

 

Оцени ја веста

08.05.2015 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега