Тинејџер од Липково заврши во притвор
СВР Куманово поднесе кривична против 18-годишниот Л.З. од селото Отља, општина Липково, за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Од страна на полициските службеници од СВР Куманово превземени се оперативно тактички мерки при што пред два дена околу 19 часот и 30 минути, откако пријавениот е забележан како се движи по улицата “Трета Македонска Ударна бригада“ извршен е преглед над истиот при што му се пронајдени 7 паковки со марихуана.
Инаку пријавениот е познат сторител на кривични дела од областа на имотни деликти за што СВР Куманово му има поднесено кривична пријава.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа