Детали за двојното убиство во тетовско
Две лица на возраст од 54 и 29 години денеска биле приведени од полицијата како осомничени дека биле вклучени во вооружениот инцидент што утринава се случил во близина на селото при што две лица починаа, а уште две се здобиле со повреди од огнено оружје.
За потсетување, настанот се случи утринава нешто пред 7 часот во атарот на Мерово во месноста Јабланица покрај патот за Седларево. Во вооружениот инцидент двајца браќа на возраст од 24 и 25 години се здобиле со смртни повреди од огнено оружје при што повозрасниот починал на самото место додека една година помладиот брат починал на пат за тетовскиот клинички центар.
- Во тетовската клиничка болница утринава биле донесени уште две други лица со повреди од огнено оружје на возраст од 32 и 26 година кои по укажаната лекарска помош поради тежината на нивната состојба и животно загрозувачките повреди биле испратени на универзитетската клиника во Скопје, изјави раководителот на хируршкиот оддел во тетовската клиничка болница Илбер Бесими.
Екипа на СВР Тетово и јавен обвинител извршиле увид на местото од вооружениот инцидент и преземаат мерки за целосно расчистување на случајот рече Јосифовски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа