ИН МЕМОРИАМ: Почина доајенот на македонското новинарство

На 67-годишна возраст денеска почина Љубомир Демирев - Демо, еден од доајените на македонското новинарство. Целиот свој работен век го помина во Македонската радио-телевизија, како новинар и уредник на Информативната програма.

Демирев ќе остане запаметен во македонската јавност, како известувач и уредник за настаните, врзани со процесите на македонската независност. Тој секогаш беше посветен на младите, зад себе оставајќи генерации на успешни новинари. Демирев беше автор на повеќе документарни филмови.

Посмртните останки на Демирев утре ќе бидат изложени во капелата во 11 часот, а погребот е во 12 часот на градските гробишта во Бутел. 

 

 

Оцени ја веста

05.05.2015 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега