Следуваат пеколни температури - почитувајте ги овие препораки!

Во текот на денешниот  ден  територијата на југоисточна Македонија ќе биде биде зафатена со повисоки температури кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза, додекa  утре  со температури од жолта фаза ќе биде зафатена територијата на цела држава. Станува збор за температури до 34 степени Целзиусови, кои се повисоки за овој период од годината и потребна е посебна внимателност за заштита на здравјето на населението, заради потребниот период за адаптација кон повисоките температури.

За таа цел, потребно е да се почитуваат општите препораки за заштита од повисоки температури, а посебно внимателни да бидат постарите, хронично болни лица, кои треба редовно да ја земаат препишаната терапија.

  • Пред употреба задолжитено миење на земјоделските, градинарските производи(свеж зеленчук и овошје)

  • Термичка подготовка на храната и нејзина консумација веднаш по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на +8 степени, а пред употребата да се загре на +100 степени.

  • Избегнувајте производи кои термички не се обработеним пр.мајонези од домашни јајца, а внимателно консумација на сладолед и разни кремови.

  • За време на топлиот период во денот(од 10 до 17ч.) избегнувајте напорни физички активности, вклучувајќи и спорт и рекреативни активности. Неопходните работи завршувајте ги до 10ч или после 17ч.

  • Носете светла и лесна облека,(запто светлите бои ја рефлектираат светлината) а при на директна изложеност на сонце, ставете заштитни очила и капа.

  • Останете во затворени климатизирани простории(обичните вентилатори не помагаат кога температурата е над 35степени целзиусови). Затворете ги прозорците и ролетните во текот на деноти,а отворете ги навечер, кога температурата е пониска.

  • Внесувајте помало количество храна. Избегнувајте мрсна и високо-калорична храна, како и храна која содржи поголемо количество шеќер.

  • Внесувајте големо количество текност(не чекајте да бидете жедни) почнувајќи од обичната вода за пиење, па до минерализирани безалкохолни пијалоци. Одбегнувајте алкохолни пијалоци и пијалоци кои содржат кофеин, како и екстремно ладни пијалоци.

  • При неопходен престој на отворен простор најдете можности за почести одмори под сенка и избегнувајте директен престој на сонце.

  • Туширајте се со студена вода повеќе пати во текот на денот. Алтернативно, ставете ладни облоги и чувајте ги нозете во студена вода.

  • Кога сте во своето возило-отворете го прозорецот за да овозможите вентилација на воздухот. Целосно затворените возила стануваат многу жешки. Не оставајте никого во возилото!

  • Хроничните болни, посебно тие со сдрцеви, невролошките и белодробните болести потребно е да бидат посебно дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата редовна терапија. За сите промени во здравствената состојба задолжително да го консултираат својот матичен лекар.

  • Ако чуствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преселете се во постудено место колку пто е можно побрзо и измерете ја својата телесна температура.

  • Веднаш напијте се вода или негазиран минерален пијалак за да се рехидрирате.

  • Ако имате болен мускулен грч најчесто во нозете, рацете и стомакот, што побрзо одморете се на студено место и напијте се течност која содржи електролити. Лекарска помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час.

  • Консултирајте се со својот доктор доколку почуствувате невообичаени симптоми или ако симптомите траат подолго време!

  • Ако некој член од Вашето семејство или лице на кое помагате има топла и сува кожа или е во бесознание, веднаш повикајте 194!Додека се чека итната медицинска помош префрлете го на студено место и ставете го во хоризонтална положба, подигнете ги нозете и колковите;Остранете ја гардеробата, воспоставете надворешно ладење како студени облози на вратот, пазувата и слабините, постојано ладете го и прскајте ја кожата со вода;Мерете ја телесната температура.Не давајте терапија;Ако лицето е во бессознание, не треба да лежи на грб, туку свртете го на страна.

Повеќе прочитајте ТУКА.

 

 

Оцени ја веста

05.05.2015 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега