Викенд временска: Какво ќе биде времето за Први Мај?

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во пладневните часови ќе има појава на краткотраен повремен дожд повремено со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од 16 до 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови со појава на краткотраен дожд повремено со умерен интензитет. Ќе дува и слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

За време на продолжениот празничен викенд ќе се задржи променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Во попладневните часови во овие денови ќе има услови за појава на локален краткотраен дожд.

Во петок и сабота ќе дува и повремено засилен југозападен ветер особено во западните делови од земјата.

 

 

Оцени ја веста

30.04.2015 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега