Сопственик на фирма во Берово си присвоил 9000 денари
Фирмата „Кика-дрво“ ДООЕЛ Увоз-извоз и нејзиниот 22- годишен управител К.В. од село Русиново, Беровско заработија кривична пријава поради основано сомнение дека извршиле злоупотреба на лични податоци и фалсификување или уништување на деловни книги.
Делото е сторено на тој начин што на лицето Г.К. од Русиново му ги злоупотребиле личните податоци во пријавата до Управата за јавни приходи и наместо услуга за транспорт и дотур на дрвни сортименти внеле дека од него купиле дрва.
Станува збор за сума од 9.900 денари, внесена и во годишниот извештај на „Кика-дрво“ ДООЕЛ Русиново, за минатата 2012 година, која нејзиниот управител ја внел како невистинит податок односно дека е исплатена врз основа на откупени дрва.