Детали: 14 годишно дете го возело автомобилот кој се преврте кај Градец - 15 годишно девојче загина
Петнаесетгодишно девојче го загуби животот во сообраќајна несреќа на локален пат во близина на селото Градец, откако автомобил што го управувал малолетник излетал и се превртел.
Во несреќата потешко е повредено уште едно девојче и уште четири малолетници.
Според првичните сознанија на гостиварската полиција, автомобилот „БМВ" со странски регистерски таблички околу 16:30 часот со шест малолетници се движело на локалниот пат кој го спојува Градец со автопатот Тетово-Гостивар. Од сé уште неутврдени причини, автомобилот што најверојатно го управувал 14-годишник од Градец, изгубило контрола и неколку пати се превртело, објави Алфа.
Од здобиените повреди на самото место починало едно од девојчињата, а друго како итен случај е пренесено на скопските клиники. Другите деца со полесни повреди се згрижени во гостиварската болница.
Во тек е увид на јавен обвинител и екипа на СВР Тетово, кои работат на расветлување на случајот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа