Попоски: Македонија не бара изговори - клучот е кај Грција

 

Не е наш начин да им приоѓаме на работите со цел да изнаоѓаме изговори. Тоа е специјалност на некој друг, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски, како одговор на вчерашната порака на неговиот грчки колега Димитрис Аврамопулос дека Македонија не ги исполнува реформите и не е подготвена за влез во Европската унија.

Според Попоски, како што јави дописникот на МИА Брисел, кој денеска присуствува на состанок на Северно-атлантскиот совет на НАТО со земјите-контрибутори во ИСАФ-мисијата во Авганистан на министерско ниво, Македонија останува на она што е констатирано досега од Европската комисија во период од повеќе од четири години дека земјата е подготвена за отпочнување на преговорите.

-Се разбира, клучот останува таму каде што е, а тоа е во Атина и ние се надеваме дека можеме и во тој правец да придонесеме за еден конструктивен однос од нашиот сосед кој е дел од ЕУ. Тоа би било далеку покорисно искористена енергија отколку изнаоѓањето на изговори, му порачува македонскиот шеф на дипломатијата на грчкиот министер Аврамопулос.

Инаку, според министерот Попоски, денешниот министерски состанок во НАТО е проширен со земјите кои придонесуваат во ИСАФ-мисијата во Авганистан. Тој вели дека она што досега го правевме ќе го продолжиме и во иднина, а тоа значи дека Македонија останува посветена на давање на свој придонес во рамки на мисијата.

-Тоа планираме да го потврдиме и во следниот период, по планираното повлекување на воените сили од Авганистан да останеме во делот на обуката што би ја давале и да ги поддржиме авганистанските институции со цел оваа мисија да биде успешно заокружена, вели Попоски.

Во рамки на неговата посета на седиштето на Алијансата, министерот за надворешни работи на Република Македонијае оствари билатерални средби со министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Мареј МекКали и со британскиот министер за Европа, Дејвид Лидингтон, средби на кои според Попоски фактички се разговарало за повеќе поврзани со мултиралниот дел и билатералните односи со сите овие партнери на македонската држава.

- Денеска е планирана и средба со три земји-членки на НАТО, а тоа се Полска, Романија и Труција, кои се подготвени да поддржат динамизирање на процесот на проширување. Од нивна страна и досега беше изразена поддршка, но дефинитивно тие сакаат да поразговараат за продлабочување на оваа соработка и потенцирање на евро-атлантската перспектива на Република Македонија и другите земји-кандидати. Во тој контекст, нивната поддршка особено ни е значајна оти се работи за респектабилни и активни придонесители во рамки на Северната алијанса, констатира Попоски, кој вечерва по завршувањето на состаноците во седиштето на НАТО во Брисел ќе отпатува за Берлин каде утре ќе се сретне со шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле.

најчитано сега