Во завршна фаза изградбата на „Палма мол“ - можност за вработување на 400 лица
При крај е изградбата на трговскиот центар „Палма мол“, кој ќе биде најголемиот шопинг-центар во близина на Тетово.
Инвеститор на проектот е фирмата „Палма трејд“ која има 20 годишно работно искуство.
-Трговскиот центар ќе претставува вистински двигател на економијата во полошкиот регион, а свој придонес ќе има од повеќе аспекти. Имено, шопинг-центарот ќе вработи околу 400 луѓе, а во неговата изградба, како и во опремувањето на надворешноста, внатрешноста и локалите, учествуваат исклучиво македонски компании, вели Оливер Димитровски сопственик на агенцијата за недвижности „New Way“, пренесе Курир.
Инаку, Трговскиот центар „Палма Mол“ се наоѓа на самиот влез на Тетово на само еден километар од центарот на градот.
-Шопинг-центарот „Палма Mол“ е во завршна градежна фаза, а бројот на слободни локали е многу мал. Исто така, особено нe радува што успеавме да понудиме цени кои се максимално пристојни и конкурентни на пазарот. Со задоволство ги очекуваме сите што се во можност да дојдат и да нe посетат на големото отворање кое ќе биде наскоро, додава Димитровски.
ФОТО:Денешен