Вистинска драма во Штип: Маж и жена нападнале полицајци
Маж и жена се приведени откако поради сообраќаен прекршок нападнале и навредувале полициски службеници.
Инцидентот се случил вчера на улицата „Маршал Тито“ во Штип, кога мотоцикл Сузуки бил запрен од сообраќајна контрола поради немање регистерски таблички.
Возачот А.Ш. (29) од село Радње почнал да вика и да го навредувал полицискиот службеник, но и да го оневозможува да превземе службени дејствија, по што интервенирале двајца негови колеги, информираат од полицијата.
Во тој момент двајцата полицајци биле физички нападнати од сопругата на А.Ш., 26-годишната С.Ш.
Полицајците ги привеле сопружниците и по целото расчистување на случајот против истите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа