Падна познат бизнисмен од Гостивар
280.000 евра е штетата за државниот буџет причинета со финансискиот криминал сторен од страна на лицето Ш.Ц од Гостивар со малверзации при продажба на недвижен имот поранешна сопственост на фирмата Жито Шар од Гостивар.
По добиено оперативно сознание за сторен криминал, Финансиската полиција на територијата на општина Гостивар превзеде низа предистражни дејствија со цел откривање и документирање на сомнението за сторен финансиски криминал. Во текот на истрагата утврдено е дека осомничениот Ш.Ц инаку управител и овластен потписник на банкарската сметка на фирмата „КАНМА ТРЕЈД ДОО – Гостивар, со цел да се стекне со имотна корист, затаил 280.000 евра данок.
-Ш.Ц како одговорно лице – управител, иако бил обврзан со закон да поднесе соодветни пресметки до надлежните институции за остварените приходи во текот на 2014 година од продажба на недвижен имот, истиот не поднел аконтативни пријави за данок на додадена вредност до Управата за Јавни приходи, не поднел Завршна сметка за 2014 година до Централниот регистар, а за неоправдано подигнатите парични средства од жиро сметките на второпријавеното правно лице до Управата за Јавни приходи не поднел Годишен извештај на исплатувачот на приходи.Првопријавениот Ш.Ц на крајот на 2014 и почетокот на 2015 година на нотар во Гостивар склучил три договори за купопродажба на деловен простор со две фирми од Гостивар и едно физичко лице, во кои договори како продавач се јавува второпријавеното правно лице „КАНМА ТРЕЈД“ ДОО Гостивар. По склучените договори за купопродажба, пријавениот на трите купувачи им издал фактури со содржан износ на данок на додадена вредност кој согласно закон бил должен да го уплати во Управата за јавни приходи. Веднаш по трансферот на парите од купувачите, Ш.Ц наместо да го плати ДДВ-то, тој парите заедно со износот за ДДВ дел ги подигнал во кеш а дел ги пренасочил на други сметки и ги користел за свои лични потреби, се вели во соопштението од Финансиска полиција.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа