Страшна сообраќајна несреќа во Гостивар: Младо момче усмрти пешак

 

Страшна сообраќајка ја потресе Македонија. Седумдесет и седум годишен гостиварец го загубил животот во сообраќајна несреќа, кога преминувајќи улица, на него налетал автомобил и тешко го повредил. Сообраќајната несреќа се случила во 15 часот на булеварот „Браќа Ѓиноски" на влезот од градот кога автомобил „фолксваген-бора" управувано од 25-годишниот А.М. налетало на 77-годишниот С.С.

Од ударот, пешакот се здобил со повеќе повреди и како итен случај бил пренесен на скопските клиники. Подоцна, од тежината на повредите за жал заминал во смрт, пренесе МИА.

На местото на несреќата, јавен обвинител и екипа на полициската станица Гостивар извршиле увид и работат на расветлување на околностите кои довеле до неа и дали пешакот поминувал на обележано место.

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега