Збеснат делчевчанец си го претепал синот па им се фрлил на полицајците
47-годишниот Б.Р. од Делчево си заработи кривична пријава поради напад врз полициски службеник.
Тој на улицата „Питу Гули“ во Делчево откако физички го нападнал неговиот син, при обид полициски службеници да го спречат во намерата, истиот физички нападнал еден од полицајците и му ја скинал униформата.