Тешка кражба во Ресен - украдени златен накит и 700 евра
Вчера на улицата „Корчуланска“ во Ресен во станот сопственост на 35-годишниот И.В. непознат сторител извршил тешка кражба.
Крадецот одзел 700 евра и разновиден златен накит чија вредност дополнитено ќе биде утврдена.
Кражбата е извршена на тој начин што со употреба на погоден предмет и сила крадецот ја отворил влезната врата, влегол внатре, извршил пребарување и откако ги одзел парите и накитот заминал во непознат правец.