Осомничениот за убиството во тетовски Баркод се предаде на полицијата
Триесетгодишниот Р.Ј. од Голема Речица, осоминичен за убиството во кафе барот Баркод во Тетово, денеска околу 11 часот самиот се пријавил и предал во полициска станица во Скопје.
- Тој е осомничен за убиство на 22-годишниот А.А. од Порој при пресметката што на 10 април се случи во кафе барот Баркод во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Р.Ј. во полицискта станица со себе го донел и оружјето со кое се претпоставува дека пукал.
Веднаш по вооружената пресметка во Баркод, во која смртно беше погоден А.А., а со разни повреди се здобија уште 10 лица меѓу кои и второсомничениот А.М(23) од Голема Речица, Р.Ј. избега во непознат правец по што по него беше распишана централна потерница.
За А.М. и Р.Ј. во отстуство судија во претходна постапка на Основниот суд во Тетово им одреди мерка притвор од 30 денови.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа