57 гулаби во чест на роденденот на Борис Трајковски

 

Денеска Општина Бутел ќе ја одржи осмата манифестација „Спомени за Борис Трајковски 2013“, по повод 57 годишнината од раѓањето вториот претседател на Македонија, Борис Трајковски.

Предвидено е во 10 часот во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел да се положи свежо цвеќе, а потоа да бидат разлетани 57 гулаби.

Во 11 часот, во големата сала на oпштина Бутел ќе биде одржана пригодна свеченост на која за прв пат ќе бидат прочитани поетските творби на основците, посветени на Трајковски и Република Македонија.

Градоначалникот на Бутел, Петре Латиновски ќе се обрати пред присутните.

Инаку, Борис Трајковски (Струмица, Македонија, 25 јуни 1956 - Мостар, Босна и Херцеговина, 26 февруари 2004) беше македонски политичар и втор претседател на Македонија, од 15 декември 1999 година до 26 февруари 2004 година, кога неговиот мандат заврши со трагичната смрт во авионска несреќа. 

ФОТО: Дневник

најчитано сега