Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за европски прашања и за економски прашања. 

Комисијата за европски прашања организира јавна расправа за Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храна. 

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се предлозите на законите за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на данок на додадена вредност и платени обврски кон странски кредитори и странски железнички претпријатија во траен влог во МЖ Транспорт АД Скопје, за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост и измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки, сите во прво читање.

Измените на Законот за технолошки индустриски развојни зони, во второ читање, се на дневен ред на Комисијата за економски прашања. 

 

 

Оцени ја веста

20.04.2015 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега