Демири: Хируршките сали се стари, Клинички ќе користи надворешни компресори додека не стигнат испитувањата
Министерот за здравство, Илир Демири, денеска на прес-конференција изјави дека хируршките сали на Клинички центар се стари околу 30 години и дека ќе користат надворешни компресори додека не добијат валиден документ за исправност.
Според министерот, проблемот е хаварија во компресорската станица за кој се чекаат испитувања од Германија, како и истрага на Јавното обвинителство.
- Додека не заврши ова испитување и не дојдат анализите од Германија кои се испратени, хируршки центар ќе се послужи со надворешни компресори, рече тој, дополнувајќи дека се набавени шест компресори кои се надворешни и може да послужат за итни неодложни интервенции кои се од покомплициран карактер.
Итните случаи на пациенти, како што кажа се пренесуваат во Општа Градска болница и во болницата „8 септември“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа