Киднапиран претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во скопски Центар

 

Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Центар и советник во Општина Цетар Јордан Ристески бил киднапиран и тепан, јавува Нетпрес.

Според информациите кои објави Нетпрес, Ристески е тепан со боксови, понижуван и насилно внесен во автомобил од активисти на СДСМ, возен низ Скопје и оставен на улица.

Напаѓачите, кои според информациите на порталот се активисти на СДСМ, го сликале претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и советник од централната скопска општина како го понижуваат и ја ширеле таквата фотографија.

Според Нетпрес, за инцидентот се приведени две лица, В.С. роден 1974-та година и Д.Д. роден 1981-ва година.

 

 

Оцени ја веста

17.04.2015 - 22:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега