До крајот на следната недела обвинение за Зоран Заев

До крајот на следната недела се очекува обвинителството да покрене обвинение против пет од шестмината вклучени во нелегално прислушување граѓани, продажба на прислушуваните материјали како и објавување за сопствени и партиски политички цели, јави Сител

За шесто осомничениот веќе беше донесена правосилна судска пресуда откако тој призна дека прислушувал по налог на Верушевски и се согласи за кривичното дело да одлежи затворска казна.

По 70 дена поминати во објавување на прислушуваните разговори и паралелно водење на правната истрага, прво што стана јасно е дека зад прислушувањето не стоела државата туку поединци организирани за интересот на странски служби.

Втора така наречена вистина која стана јасно дека е лага е тврдењето на Заев дека прислушувани биле 26.000 граѓани. Фактите брзо покажаа дека жртви на прислушувањето не се граѓаните туку државниот врв и нивните соговорници.

Трет факт кој укажува на манипулацијата која се врши со објавата на разговори е тоа што Заев не објавува разговори на функционери на СДСМ иако со сигурност се знае дека Верушевски и неговите соработници обезбедиле такви материјали.

Четврта околност која ја покажаа 70те дена бомби е манипулацијата со албанскиот фактор. Јавноста не ги слушна разговорите на функционери од ДУИ и ДПА на жешки теми со што не само што врши партиска туку и етничка манипулација.

Во истрагата за случајот Пуч искази дадоа сите осомничени. Верушевски кој се сомничи како главен организатор на незаконското прислушување според неговиот адвокат целата вина ја насочил кон МВР тврдејќи дека тие самите се одговорни што не успеале да се заштитат од злоупотреба.

Само еден ден подоцна исказ во обвинителството даде четврто осомничениот Зоран Заев кој повторно не говореше за тоа како тој се брани од обвинувањата туку повтори дека Груевски и Мијалков сами себе се прислушувале и треба да одговараат за Пуч кој си го подготвувале самите.

Од скајп разговорите на петто осомничениот и Верушевски стана јасно дека групата добро знаела за улогата на Заев како корисник на прислушуваните разговори па лидерот на СДСМ кој на почетокот тврдеше дека материјалите ги добил од патриоти вработени во УБК, подоцна ретерираше и се огради од петто и шесто осомничениот кои работеле во службата тврдејќи дека воопшто не ги познава.

 

Разговорите од компјутерот на Верушевски потврдија и дека групата била подготвена за најцрни сценарија, немири и нереди притоа грижејќи с е единствено за своето материјално обезбедување.

 

 

Оцени ја веста

14.04.2015 - 22:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега