Москва: „Турски поток“ може да минува низ Македонија

Гасоводот „Турски поток“ од Турција може да продолжи преку Грција, Македонија, Србија и Унгарија до Австрија, изјави денеска рускиот министер за енергетика Александар Новак.

 

Според Новак, преку гасоводот „Турски поток“ се планира испорака на руски гас за потрошувачите во Турција, но проектот може да продолжи преку територијата на Балканот се до Австрија.

 

- Знам дека многу земји се заинтересирани за овој проект. На пример, испораката на гас до австрискиот гасен чвор „Баумгартен“ е можна преку Грција, Македонија, Србија и Унгарија, нагласи Новак, додавајќи дека Русија води интензивни преговори со државите кои би можеле да бидат транзитни територии.

 

Како што јави Б92, кон крајот на април или почетокот на мај се очекува Новак да ја посети Србија, при што Белград најавува дека меѓу темите на разговор на рускиот министер со неговите српски домаќини ќе биде и проширувањето на гасоводот „Турски поток“.

 

 

Оцени ја веста

14.04.2015 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега