Реновирана просторијата за дневен престој на пензионерите во Велес

Во Велес денеска е пуштена во употреба реконструираната просторија во Домот при Здружението на пензионерите, пренесува МИА.

Како што информира Веле Алексоски, претседател на Здружението на пензионерите, трпезаријата е обновена од сопствени средства, поставени се четири телевизори, реконструирани се санитарните јазли, а има и посебна просторија за љубителите на шах.

- Со ова ќе се подобрат условите за дневен престој, исполнување на слободното време и дружењето на пензионерите, рече Алексоски.

На пуштањето во употреба присуствуваше и градоначалникот Славчо Чадиев, благослов упатија и свештеници од Повардарската Епархија, а пред присутните настапи хорот „Пензионери”.

 

 

Оцени ја веста

14.04.2015 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега