Заев: Ќе вработуваме само партиски кадри (ВИДЕО)
Зоран Заев сака да се заборави и избрише од колективната меморија на граѓаните дека токму тој изјавуваше дека ако СДСМ дојде на власт лично тој ќе јаде живи луѓен и дека ќе ги брќа луѓето од работа од хигиеничар до министер и на нивно место ќе вработува луѓе за кои ќе добие насока и одлука од кадровската комисија на СДСМ, реагират од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Зоран Заев.
Наспроти денешните тврдења, кон крајот на 2010 година, Заев на трибина во Валандово беше снимен во партиско-канибалистички напад. Најави партиски вработувања кога ќе дојдат на власт и тоа до ниво на братучеди на членовите на СДСМ. Ќе имало масовни отпуштања во државна администрација, а ќе јаделе живи луѓе кога ќе дојдат на власт.
- Да им кажете дека Заев беше во Валандово и рече дека ќе ги бркаме. Ќе ги избркаме од работа и тоа треба да го знаат. Свесни сме дека ако сакаме да бидеме на власт, ќе да влеземе тимски, од хигиеничар до министер во секој ресор во државата и така имаме намера да ја водиме Македонија, рече Заев.
За партискиот реваншизам кој го практикуваше СДСМ најдобро говорат и примерите на бркање од работа на над 1 100 работници од ЕСМ, над 800 работници од ПУИГ, стотици избркани од работа од полицијата, Македонски Шуми, јавните здравствени установи и другите државни инстиуции , лица кои преку ноќ во 2002 година останаа без работа, само затоа што не беа вработени од партиската кадровска комисија на СДСМ.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа