Македонските кошаркари утре ќе се борат за бронзен медал
Македонската кошаркарска селекција утре ќе има можност да се запише во историјата на македонскиот спорт како прва селекција која што успеала да се закити со медал на Медитеранските Игри од осамостувајувањето на нашата земја. Првите два меча ги добивме со минимална предност против африканските селекции најпрвин со Египет (74-67), а потоа и против Алжир (89-81). За жал имавме убедливи порази прво од Турција со (77-57), а потоа и во полуфиналето од Србија со (94-49). За златото на МИ ќе играат Турција и Србија.