Гостиварчанец фатен на патарина со пиштол и 27 куршуми

 

29 годишниот гостиварчанец И.Р. и штипјанецот С.К.(47) си заработија кривични пријави откако полицијата утврди дека недозволено поседувале и тргувале со оружје.

На 25. април годинава, на автопатот Тетово-Скопје, на наплатната рампа кај Желино, полициски службеници извршиле претрес во автомобилот на И.Р. и пронашле боев пиштол „Ц3“, рамка со 8 куршуми кал.7,62 мм и уште 19 куршуми. Полицијата дознала дека оружјето и куршумите, И.Р. ги купил од С.К. за 500 евра.

најчитано сега