Битолски дилер падна во канџите на МВР

 

33 годишниот битолчанец Н.П. кривично ќе одговара за  неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Според информациите од МВР, во периодот од април до јуни годинава, Н.П. најчесто во својот дом им продавал наркотична дрога на  битолчани за паричен надомест од 1.000 до 1.200 денари.

Од полицијата информираат дека бил лоциран “клиент’ на Н.П. кој кај себе имал 2,52 грама марихуана. 

најчитано сега