Крвава ноќ во Скопје: Го погодил залутан куршум додека си седел дома

 

Едно лице било повредено синоќа од залутан куршум во десната рака во скопски Бутел, а куршум вчера бил испукан и во куќа во Драчево. Полицијата работи на расчистување на двата случаи. 

Полицијата соопшти дека синоќа околу 19:30 часот 37-годишниот У.М.  додека седел во својот двор во Бутел заедно со друго лице, слушнале истрели од огнено оружје по што почуствувал болка во пределот на зглобот на десната рака. 

Во вториот случај вчера на улицата „Јустинијан Први“ во населбата Драчево околу 16 часот во куќата на Љ.Б од страна на непознат сторител бил испукан куршум од огнено оружје кој го пробил стаклото во една од собите и завршил во ѕидот.  За среќа нема повредени лица. 

 

 

Оцени ја веста

11.04.2015 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега