Детали за престрелката во Тетово
Синоќа околу 22 часот избила престрелка на улицата ЈНА пред угостителскиот објект Бар Код во Тетово, дозна Press24 од полициски извори. Билансот од престрелката е еден починат и петмина повредени.
Засега непознато лице од огнено оружје истрелало повеќе куршуми кон група лица што била во кафе барот. Тројцата потешко повредени веднаш биле однесени кон Скопје, но по пат еден од нив починал. Се работи за 21-годишниот Аљтрим Асани од Порој. Другите двајца, еден со прострелна рана во стомакот и другиот со прострелни рани во натколеница и потколеница, биле примени во Ургентниот центар во Скопје каде им била укажана лекарска помош.
Полесно повредените биле пренесени во тетовската клиничка болница каде исто така им била укажана лекарска помош по што биле задржани на болничко лекување.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа