Утврден идентитетот на загинатиот во престрелката во Тетово

 

Синоќа околу 22 часот избила престрелка на улицата ЈНА пред угостителскиот објект Бар Код во Тетово, дозна Press24 од полициски извори. 

По извршениот увид утврден е точниот идентитет на починатото лице. Се работи за 21-годишниот Аљтрим Асани од селото Порој кој им подлегнал на повредите со кои се здобил во престрелката. Со повреди од огнено оружје се здобиле уште 6 лица, од кои Агим М. Џенис Џ. и Шпати.М. се во Ургентниот Центар во Скопје, а на останатите тројца лекарска помош им е укажана во Клиничкиот Центар во Тетово.

 

 

Оцени ја веста

11.04.2015 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега